Канадскaта пејачка Селин Дион (50) неодамна ја претстави првата линија на детска облека во соработка со брендот „Нунуну“. Новата колекција, наводно, е инспирирана од облеката од 70-тите години, која е ослободена од сите стереотипи, а особено од родовата неутралност.
Колекцијата „Селинунуну“ се состои од маици, панталони и спортски кошули со дезен на черепи и специфични очи кои по малку потсетуваат на илуминати.
Сепак, тоа не му се допадна на американскиот свештеник и егзорцист Џон Есеф, кој пејачката ја обвини за сатанизам.
„Кога се раѓа бебето, првото нешто што го велат е: ‘Дали е машко или женско?’. Ова е најприродната работа во светот. Но, да се каже дека нема разлика меѓу нив е целосно сатанистички“, рече Есеф за Националниот католички регистар.
Селин сé уште не реагираше на обвиненијата.