(Видео) Селин Дион застана среде Њујорк за да слуша обожавателка што пее нејзина песна

На социјалните мрежи се појави видео во кое светската ѕвезда Селин Дион е воодушевена од обожавателка што ѝ ја пее нејзината песна I Ѕurrender. Девојката запеа среде улица во Њујорк, а кога возачот на лимузината во која е Селин сакаше да продолжи, таа го запре за да ја слушне девојката. „Биди благословена, ти благодарам многу за ова,“ ѝ рече Селин, откако девојката заврши со пеење.

Scroll to Top