(Видео) Селма Хајек во секси сцени со глумецот Ченинг Тејтум

 

Мексиканско – американската актерка Селма Хајек и актерот Ченинг Тејтум во секси сцени се појавуваат во новиот филм „Меџик Мајкс Ласт Денс“.

Хајек ја глуми партнерката на стриптизетот Мајк, кој го игра Ченинг Тејтум и тие како пар изведуваат секси танц.

Актерката истакнала дека нејзината улога во филмот е најсилниот женски лик досега, и дека љубовната приказна со Тејтум ќе биде нешто силно и посебно.

Фановите на актерката коментираат дека токму поради неа со нетрпение ја очекуваат премиерата на новото продолжение на филмот.

„Меџик Мајкс Ласт Денес“ првично беше потврдено дека се снима во ноември минатата година, а премиерата е планирана на Денот на вљубените. Иако сè уште не се познати конкретни детали за филмот, Ченинг вети дека ова ќе биде најдоброто продолжение досега.

„Меџик Мајк“ првиот дел беше објавен во 2012 година, во режија на Стивен Содерберг, а во главните улоги покрај Тејтум беа и Метју Меконахи и Џо Манганиело. Второто продолжение беше објавено три години подоцна.

Scroll to Top