(Видео) Серхио Рамос стана пејач

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос сними дует со популарниот шпански пејач Дамарко. Песната Ostra estrella en tu Corazon е посветена на шпанската фудбалска репрезентација, а ја промовираше неколку дена пред почетокот на Светското првенство во фудбал што ќе се игра во Русија од 15 јуни до 14 јули.

Видеото за три дена има скоро 2,5 милиони прегледи. Рамос, пак, доби многу комплименти за пеењето и коментари дека би можел да стане пејач откако ќе ја заврши фудбалската кариера.

Scroll to Top