(Видео) Шакира и Том Круз заедно на Формула 1 трката во Мајами

Пејачката Шакира присуствуваше на Формула 1 трката во Мајами во друштво на актерот Том Круз. Таа била во вип ложата со актерот .

Фановите на пејачката коментираат дека Том и Шакира се нешто повеќе од пријатели.

„Тие би биле одличен пар“, „Новото момче на Шакира, што е ова?“, се дел од коментарите.

Колку што е познато Том Круз во моментов е слободен. Неговата последна врска била со колешката Хејли Атвел, а завршила пред една година, пишува Дејли Меил.

Да потсетиме, по 11 години се распадна бракот меѓу Шакира и поранешниот фудбалер Жерар Пике, а целата драма беше проследена со објавување на нејзините одмазднички песни за Пике.

Scroll to Top