(Видео) Шакира ја напушти сцената, ја вознемири маж во публика

Колумбиската пејачка доживеала непријатност за време на снимањето на спотот со Бразилката Анита, поради што решила да ја напушти сцената.

Шакира и Анита решија да го снимат дуетот „Солтера“, а за време на снимањето, познатата Колумбијка препознатливо танцуваше на импровизирана сцена.

 

Некој од публиката сакал да ги злоупотреби заводливите движења, па постојано се обидувал да ја фотографира и сними под фустанот. Кога Шакира го забележала тоа, веднаш нагласила дека тоа и пречи, но на крајот решила да се симне од сцената, за што сведочат видеата од социјалните мрежи.

„Шакира не може да ужива во сопствената песна и танц“, „Кој го направил ова нека биде уапсен за сексуално вознемирување“, „Чувствувам вознемиреност откако го гледам ова , можам да замислам како се чувствува“, се дел од коментарите.

 

Scroll to Top