(Видео) Шакира ја учи ќерката на Ракитиќ на латино танц

By

Латино-американската пејачка Шакира, на социјалните мрежи објави видео со ќерката на фудбалерот на Барселона Иван Ракитиќ, Алтеа, како ја учи на латино танц champeta. Видеото за само неколку часа собра повеќе од пет милиони лајкови. Сопругот на Шакира, Пике и Ракитиќ покрај на теренот се големи пријатели и надвор од него.

Тие често се на гости едни кај други, а овој пат Шакира ги изненади сите обожаватели со домашното видео на кое Алтеа танцува пред телевизорот.

„Алтеа Ракитиќ, хрватско-андалзиска девојка која танцува champeta“, напишала Колумбијката под видеото кое за само неоклку часови собра повеќе од пет милиони прегледи. Обожавателите коментираат дека и на ќерката на Ракитиќ и се допаднал овој танц, кој го изведува и Шакира, со оглед на тоа дека припаѓа во категоријата латино-американски танцови.

 

View this post on Instagram

 

Altea Rakitic, una niña andaluza croata, bailando Champeta! So cute! #champetachallenge 😘 @raquel_mauri @ivanrakitic

A post shared by Shakira (@shakira) on

„Најмногу го сакаме овој танц. Фала ти Шакира“, и се заблагодарила сопругата на Ракитиќ, Раквел.

Ракитиќ се навивачко семејство. Кога Иван игра за Барселона, неговата сопруга Раквел и децата жестоко навиваат за победа. Кога во 2016 година Иван во Франција играче меч во дресот на Хрватска против Шпанија, тој изјави дека неговата жена го избрала неговиот тим, а не навивала за родната земја.

 

 

Ќе ви се допадне