(Видео) Шакира му ги бакнува нозете на својот татко, кој сè уште е во болница

За колумбиската пејачка Шакира како да нема крај на проблемите. Од една страна разделбата со Пике, од друга страна болеста на нејзиниот татко кој е во болница.

„Деталите за здравјето на татко ми се приватни. Во име на семејството би ги замолила медиумите да го почекаат нашето соопштение пред да објават информации за болеста на татко ми“, рече Шакира.

Таткото на пејачката беше хоспитализиран во средината на летото поради пад кој му се одрази на моториката, пишува „Хола“.

Иако беше пуштен од болница, здравјето му се влоши и тој пак беше примен клиниката во средината на октомври. Шакира во неколку наврати објавуваше видеа и фотографии на кои повторно вежба читање со нејзиниот татко.

„Од тебе научивме да стануваме после секој пад. Знаеме дека повторно ќе станеш. Те сакаме“, напиша пејачката.

Музичката ѕвезда денеска објави видео од болница во Барселона каде вежба со својот татко за да му ги подигне нозете. Пресреќна што без нејзина помош успеал да ги спушти и да ги крене нагоре, таа неколкупати му ги бакнува стапалата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Shakira (@shakira)

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Shakira (@shakira)

Scroll to Top