(Видео) Шакира покажа повеќе отколку што сакаше: нејзиното здолниште се отвори за време на концертот

Шакира моментално е на својата светска турнеја „Las mujeres ya no lloran“, која вклучуваше турнеја низ САД, но таа остави зад себе и еден посебен и незаборавен момент.

Шакира ја изведуваше својата хит песна Waka Waka пред 65.000 луѓе на стадионот „Camping World“ во Орландо, Флорида, кога доживеа моден гаф. Како што може да се види на снимката што стана вирална, здолништето на пејачката се скинало одзади поради движење на колковите, откривајќи дел од нејзиното тело.

Пејачката се снајде добро, се насмевна и продолжи како ништо да не се случило, пеејќи и танцувајќи. Моментот го забележаа обожавателите во публиката, а многумина ја пофалија нејзината реакција.

„Секогаш прекрасна, каква штета“, „Ја сакам, таа е најдобра“ или „Толку слатка, Шак“, напишаа тие.

Scroll to Top