(Видео) Шеесет милиони долари за новиот дом на Кардашијан

Познатата старлета Ким Кардашијан и нејзиниот партнер Кање Вест го покажаа својот дом во Хајден Хилс, за кој потрошиле повеќе од 60 милиони долари. Двојката само за реновирање потрошиле неколку милиони. Кање вели дека Ким ја чинеле базените илјадници долари, а досега не влегла да се избања во нив ниту еднаш.

Новинарите на Architectural Digest, кои го разгледа домот велат дека ова е место за живот кој ги надминува сите граници.

„Бев бремена кога ја купивме куќата. Кање живееше во Лос Анџелес, а јас во Беверли Хилс. Ниту јас, ниту Кање немавме семеен дом. Кога се прошетавме низ Хајден Хилс забележавме куќа која ми се допадна. Му кажав на Кање, а тој се согласи да ја купиме. Тоа беше голема работа за мене, затоа што на Кање речиси ништо не му се допаѓа“, изјавила Ким.

Кање откри за двата базена кои ги има во вилата, а за кои вложиле половина милион долари. Тој вели дека неговата сопруга потрошила богатство за нешто кое ниту еднаш не го искористила.

„Кога последен пат се избања во нашиот базен?“, ја прашал Кање.

Кардашијан признала дека иако досега се нема избањато ниту еднаш, објаснила дека за базенот потрошила половина милион затоа што многу ѝ се допаѓал.

Scroll to Top