(Видео) Шпанската принцеза Леонор го одржа својот прв јавен говор

Принцезата Леонор (13), ќерка на шпанскиот крал Филип VI и кралицата Летиција, го одржа својот прв јавен говор. Леонор им се обрати на присутните на обележувањето на 40 години од донесувањето на шпанскиот устав.

Истиот ден Леонор го прослави и својот роденден. Принцезата која еден ден ќе го наследи својот татко и ќе владее со Шпанија често го привлекува вниманието во јавноста.

За овој настан младата принцеза се појавила во син фустан и црни чевли од дизајнерката Мари Џејн. Присутните зборуваат дека била добро расположена и насмеана, а нејзиното читање било беспрекорно.

Нејзиниот татко, кралот Филип VI, бил постојано покрај неа, а мајка ѝ, кралицата Летиција, и нејзината сестра, принцезата Софија, гордо ја бодреле од првиот ред.

Scroll to Top