(Видео) Швајнштајгер со долга коса и брада, фудбалерот сними нова реклама

Сопругот на српската тенисерка Ана Ивановиќ, Бастијан Швајнштајгер, во најновото видео за реклама на велосипеди целосно го променил својот имиџ.

Поранешниот фудбалер во рекламата се појавува со долга коса и неуредена брада. Фановите пишуваат дека повеќе не можеле да го препознаат ниту по насмевката која е негов заштитен знак.

Сепак, Швајни вели дека во прашање е само кратка трансформација и дека не станува збор за негов траен изглед. Поранешниот играч го објави видеото од рекламата на социјалните мрежи и вели дека успеал да го постигне посакуваниот публицитет.

Швајни и Ана велат дека се лица кои не сакаат премногу да експериментираат кога станува збор за својот изглед.

Scroll to Top