(Видео) Шварценегер сам ги поправа дупките на патот, вака треба сите кои ги бираме на избори да прават велат фановите

Глумецот Арнолд Шварценегер самиот ги поправаше дупките на патот. Рече дека му било мака да чека некој да превземе нешто во врска со тоа.

„Откако целото маало се вознемири поради оваа огромна дупка на патот која со недели ни ги расипува автомобилите и велосипедите, денеска излегов со мојот тим и ја поправив. Секогаш велам дека човек не треба да се жали за некој проблем туку треба да превземе нешто околу тоа“, рече поранешниот гувернер на Калифорнија.

Неговите обожаватели беа воодушевени и го пофалија.

„Сакаме да гледаме како бивши гувернер ги поправа дупките на патот. Ни се допаѓа ова. Вака треба сите кои ги бираме на избори да прават. Ова е вистински погодок, да се преземе акција во вашата заедница“, биле само некои од коментарите.

Scroll to Top