(Видео) Сидни Свини повторно предизвика возбуда: нејзините облини „не се добри“ за никого

Младата актерка Сидни Свини сега може да се откаже од глумата и да се посвети на својот нов бренд „Syrn“, кој ги руши сите рекорди на продажба и популарност на социјалните мрежи.

Откако се појави првата реклама за долна облека со потписот на оваа убавица, мрежите „полудеа“. Сидни максимално го искористи својот изглед и популарност, а нејзините облини станаа главна тема уште порано.

Во едно од најновите видеа споделени на социјалните мрежи, Сидни повторно рекламираше секси сет од својата колекција, а за потребите на видеото дури и го носеше, па е јасно дека никој не гледаше во ништо друго.

Градник од чипка и долна облека во комбинација со проѕирни делови украсени со цвеќиња беа нејзиниот избор овој пат, и се чини дека оваа кампања ќе биде многу успешна.

За време на видеото, актерката покажа боди од чипка, како и ракавици, додека луѓето ѝ даваа секакви комплименти во коментарите.

Сидни Свини веќе заработи богатство, и од нејзините главни улоги, а сега и од нејзиниот бренд „Syrn“. Нејзината нето вредност сега се проценува на околу 40 милиони долари.

Scroll to Top