(Видео) Синот на Шумахер се приклучи на Ферари

Германецот Мик Шумахер, синот на легендарниот шампион во Формула 1 Михаел Шумахер, се приклучи на академијата на италијанскиот тим Ферари, пренесува „Би-Би-Си“.

Деветнаесетгодишниот Мик во пресрет на дебитанската сезона во Формула 2, ќе одработи два теста со Ферари, до крајот на 2019 година.

Шумахер јуниор минатата сезона дојде до титулата шампион во европската Формула 3 и го трасира патот до најбрзиот тркачки циркус.

Неговиот татко Михаел, седумкратниот првак во Формула 1 (има пет титули со Ферари) на крајот на 2013 година, доживеа несреќа за време на скијањето во Франција, каде доби сериозни повреди на главата.

Scroll to Top