Познатата манекенка Хајди Клум (52) се појави на премиерата на документарецот „Infinite Icon: A Visual Memoir“, која се одржа во Лос Анџелес. И како и обично, нејзините гради повторно беа главна тема.
Хајди обожава да шета топлес, најчесто на плажа, па затоа избра „повоздржана“ верзија за црвениот тепих.
Овој пат, прекрасната русокоса позираше во црн сет составен од здолниште и целосно проѕирна кошула. Само темните џебови ги покриваа градите, додека здолништето имаше постава над интимните делови.
Модното издание го комплетираше со црни чевли и црна чанта, додека косата ја остави во препознатливи бранови и позираше со насмевка за собраните фотографи.






