(Видео) Скандал на Греми: Бјанка Ценсори пристигна гола, полицијата ги избрка неа и Канје

Канје Вест и Бјанка Ценсори беа избркани од овогодинешните Греми награди, откако Ценсори на црвениот тепих се појави гола, поточно во „фустан“ кој апсолутно ништо не криеше, пишува Дејли Мејл.

30-годишната дизајнерка, која и претходно го привлече вниманието со своите провокативни јавни настапи, пристигна во целосно проѕирен фустан од мрежест материјал, без долна облека – што ги згрози сите присутни на церемонијата, но и корисниците на социјалните мрежи.

Бјанка на почетокот самоуверено чекореше по црвениот тепих облечена во бунда, но потоа го соблече и им го откри своето голо тело на фотографите.

Социјалните мрежи беа преплавени со коментари за неа, а имаше и такви кои правеа шеги.

Scroll to Top