ВИДЕО: Славниот актер бара помош во пронаоѓањето на неговата исчезната ќерка

By

Актерот Донал Лог на социјалните мрежи побара помош во пронаоѓањето на 16 годишната ќерка, Џејд, која исчезнала пред недела дена и оттогаш никој ја нема видено.

„Ова е мојата ќерка Џејд. Една од моите најдраги фотки, исчезна во некои среќни времиња. Ги сакам сите луѓе и запознав огромен број од нив, но искрено (целосно пристрасно) никогаш не сум запознал пољубезно, поневино, подраго дете од неа“.

„Ја сакам и знам дека таа и нејзиното „племе“ е силна (сретнав многу прекрасни луѓе благодарение на неа), но постојат некои грабливци, кои се мотаат околу нив, знаејќи дека имаат работа со слатка, невина душа. Те сакаме дома, Џејд. Кој и да знае кај е таа, кој и да е во моментов со неа – јасно е дека ова стана големо и лудо. Мрежата е фрлена далеку и шуроко, се вклучија и екипи од FBI, и NYPD, и многу други“.

Сигурен сум дека некои од вас имале добри намери да и помогнат, но сигурен сум дека сега гледате дека ситуацијата е поголема од што можеше да се предвиди. Во ред е. Само вратете ја дома. Допуштете да стапи во контакт со мене или со мајка и, вратете ја дома, со прегратка, без прашање. Ако имате било каква информација за неа, јавете ни се на нас, или детективот Френк Лиузију. Постои излез од оваа ситуација за сите кои се вмешани. Ветуваме“, напиша тој.

Девојчето последен пат е видена во попладневните часови на 26 јуни, во Бруклин, каде требала да се најде со пријателите.

На ѕвездата од серијата „Готам“, „Синови на анархијата“, и „Викинзи“, во потрагата се приклучи и неговиот колега Дени Тејо, кој на Твитер постави снимка во која ги моли сите кои знаат нешто за Џејд да се јават.

На снимката се огласи и мајката на Џејд, Кеси, која додала дека како фактор, можно е да влијаело, за нејзиното исчезнување и нејзината трансродност, и сексуална ориентација, односно дека таа своеволно одлучила да се замине.

„Нејзиниот род и сексуална ориентација во моментов не се важни. Важно е да тоа е дете кое исчезна. Нејзината приказна е само нејзина и таа ќе одлучи кога е спремна да ја раскаже. Не е твоја, не е моја, само е нејзина, Само сакам да се врати дома“, изјави потресената мајка во видеото.

 

Ќе ви се допадне

AniWatch aniwatch: Watch The Seven Deadly Sins: Dragon's Judgement Episode 8

AnimeHeaven animeheaven bna: That Time I Got Reincarnated as a Slime Episode 24