(Видео) Снимени мајката на Пике и Шакира, видеото ги разочара фановите

Мајката на Џерард Пике, Монтсерат Бернабеу и Шакира се снимени на улица, а фудбалерот стои мирно на страна. Видеото кое било направено додека беа заедно предизвика реакции во јавноста.

dobivaj vesti na viber

Бернабеу ја фаќа Шакира за лице па со прстот и покажува да молчи. Според фановите ова им личело на расправија меѓу Шакира и мајката на Пика, па му замерија на фудбалерот што стоел на страна и не превземал ништо. Други пак велат дека видеото не оддава никаква кавга меѓу двете жени.

 

 

„Ова е срамота, зошто не направи нешто? Што е ова луѓе? Од каде оваа жена има право вака да ја третира Шакира? Не можам да верувам дека само стои на страна додека мајка му ја фаќа за лице“, беа само дел од коментарите.

За потсетување, Шакира и Пике на средината на 2022 година и официјално ја прекинаа врската откако пејачката го откри како ја изневерува со двојно помлада девојка. Објави и песна за него во која го исмева дека оставил „Ферари“ за „Твинго“ и „Ролекс“ за „Касио“. Двајцата имаат два сина Милан и Саша.

Scroll to Top