(Видео) Снимката од малиот Барон Трамп со словенечки акцент стана вирална на „Tик-ток“

Видеото од детството на синот на Доналд Трамп, Барон, повторно стана вирално на „Tик-ток“, а многу корисници се особено заинтересирани за неговиот словенечки акцент. Барон, сега 18, имаше само четири години кога неговите родители се појавија во емисијата на Лари Кинг во живо во 2010 година. Малиот Барон беше снимен како се подготвува за училиште во канцеларијата на неговиот татко во познатата кула Трамп во Њујорк.

Видеото брзо стана вирално на „Тик-ток“ и X. Многумина го забележале изразениот словенечки акцент на Барон, што може да се припише на неговата мајка Меланија Трамп, која најмногу се грижела за него во тој период. Во видеото, Барон и кажува на мајка си: „Ми се допаѓа мојата актовка. Дали сега треба да одам на училиште?“. Меланија му одговара, со многу сличен акцент: „Да, прво ќе ручаш, а потоа ќе одиш на училиште“.

Оваа интеракција моментално е една од најпопуларните на „Тик-ток“k, со милиони корисници.

@billyzanelli

I like my SOOTCASE! #barrontrump #sootcase #ilikemysuitcase

♬ original sound – Daily Mail

Барон започна со колеџ оваа година. Се запишал на Универзитетот во Њујорк (NYU), каде што посетува бизнис школа, една од најдобрите бизнис школи во земјата. На првите предавања дојде опкружен со обезбедувачи.

Неговиот татко неодамна изјави на подкаст дека Барон никогаш немал девојка: „Не сум сигурен дека е во таа фаза од животот. Мислам дека сè уште немал девојка“, рече тој, додавајќи дека Барон е многу паметен, добро момче и одличен ученик.

„Не му пречи да биде сам, но навистина добро се сложува со луѓето“, рече Доналд. Додека студира на NYU, Барон живее сам во пентхаус во Њујорк. „Тоа беше негова одлука да студира во Њујорк и да живее во стан, и јас го почитувам тоа“, додаде Меланија, која тврди дека Барон одлично се снаоѓа на факултет.

Scroll to Top