(Видео) Со автостоп Ибрахимовиќ стигна на „Сан Ремо“

Шведскиот фудбалер Златан Ибрахимовиќ доцни дури три часа на музичкиот фестивал „Сан Ремо“ затоа што на автопатот имало сообраќајна несреќа и тој заглавил во метежот.

Сепак, тоа не го спречило Ибрахимовиќ да се потруди да стигне на фестивалот, па запрел моторџија на автопатот и со него се возел 60-ина километри.

„Ако фестивалот не дојде кај Златан, тогаш Златан ќе дојде на фестивалот“, рече Ибрахимовиќ во свој стил.

Златан Ибрахимовиќ на „Сан Ремо“ направи спектакл на настапот заедно со Синиша Михајловиќ.

Scroll to Top