Сопругата на Хозе Антонио Рејес, Ноелија Лопез, се огласи на „Инстаграм“ по трагичната несреќа која ја доживеа поранешниот фудбалер на Севиља. Лопез објави видео од Рејес во прегратка на неговите ќерки.
„Љубов моја, не можам да ја поднесам оваа болка. Зошто не напушти. Немам повеќе желба за живот. Денес морам да ти кажам збогум. Но, немам сили за тоа. Ти и јас засекогаш ќе бидете заедно. Чекај ме, ќе бидеме повторно заедно каде и да си. Помогни ми, затоа што не можам да го замислам животот без тебе. Дај ми ја силата која ја немам. Ти засекогаш ќе бидеш со нас, во нашите мисли. Ни го даде најдобриот живот и ни остави најубави спомени. Ќе те сакам засекогаш“, напишала Лопез на „Инстаграм“.
Рејес заедно со уште еден негов роднина загинаа во сообраќајка откако со нивниот автомил излетале од патот. Лекарите се борат за животот на третото лице кое било со нив, кој исто така бил близок роднина на Рејес.