(Видео) Сопругата на славниот фудбалер Тоти бакна водителка среде емисија, оваа збунета ѝ рече: Дали си луда?

Сопругата на популарниот фудбалер и некогашен капитен на Рома, Франческо Тоти, е едно од познатите лица на италијанската телевизија. Илари Блази своевремено водела неколку реалити програми, па дури и фестивалот Сан Ремо, а деновиве е во центар на внимание поради бакнежот кој се случил на сцена.

Илари гостувајќи во една телевизиска емисија, играла танго со водителката на емисијата, а на крајот страсно се бакнале пред камерите.

Тоа било толку неочекувано што веднаш следело прашањето: „Дали си луда?“, од страна на водителката Микела Хунзикер.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ANCHE OGGI COSÌ (@ancheoggicosi)

Инаку, тие две се знаат со години. Тие одмана се  пријателки. На почеток делувало како Микела да е лута, а Илари дека мора да побегне од сцената.

Инаку, тоа била премиерна епизода од шоуто „Michelle Impossible“, а сопругата на Тоти во програмата рекла дека нема поим зошто ја викнале во емисијата во која гостувал и Ерос Рамацоти.

Открила и дека за разлика од останатите гости, таа не знае ништо да прави, па веројатно поради тоа подготвила „мало шоу“ за публиката.

Нејзиниот домаќин во емисијата била Микела на чие инсистирање таа дошла во емисијата, а која останала изненадена по тој потег, па рекла „Го турна јазикот таму“…

Scroll to Top