Глумицата Џесика Алба, која има сопствен бренд козметика, беше гостинка во рубриката за убавина на британскиот „Вог“. Таа во 5-минутното видео што го сними за познатиот моден магазин, ги открива своите трикови за шминка и убавина. Таа открива дека графичкиот ајлајнер е популарен веќе неколку сезони, а Џесика открива како самите да го креирате овој изглед, но и дава неколку совети кои ќе ви го олеснат нанесувањето на тушот за очи.