(Видео) Спрингстин потпишал оправдување на млад фан да не оди на училиште утрото по концертот

На концертот во Сан Франциско, Брус Спрингстин потпишал договор со момче од публиката да го оправда од прескокнување на училиште утрото по концертот.

За време на настапот во центарот Чејс на 31 март, вниманието на Спрингстин го привлече млад фан во првите редови со транспарент на кој пишуваше: „Го прескокнувам училиштето, дали ќе го потпишеш моето оправдание?“

Рок-ѕвездата го послуша барањето на момчето и го потпиша неговото оправдување да не присуствува на настава во понеделник, 1 април, пренесува „NME“.

Моментот го снимил некој од публиката со мобилен телефон, а не се знае дали училиштето го прифатило оправдувањето.

Според „NME“, концертот бил отворен со „Light Of Day“.

Scroll to Top