Светската популарна пејачка Селин Дион по пет месеци се појави во јавноста и изгледа навистина добро, поради што сите мислат дека нашла терапија која и помага.
Откако неколку пати ја одложуваше „Courage World Tour“ поради болест, познатата пејачка со моќен глас, Селин Дион, донесе болна одлука да престане да настапува до понатамошно известување за да се посвети на закрепнувањето.
Sieh dir diesen Beitrag auf Instagram an
Селин се бори со болест која ги претвора луѓето во „живи статуи“ додека постепено го „заклучува“ телото во крути позиции. Станува збор за синдром на вкочанета личност, кој, според Националниот институт за здравје, е „ретко, прогресивно невролошко нарушување“ кое може да предизвика вкочанетост на мускулите во градите, рацете и нозете.
Sieh dir diesen Beitrag auf Instagram an
Оваа болест погодува еден од милион луѓе, а иако нема лек, постојат третмани кои можат да го забават агресивниот напредок на болеста.
Таа се појави во арената во Лас Вегас за да го бодри својот хокеарски тим од родниот град, Монтреал Канадиенс, во натпреварот против „Златните витези“ на Вегас.
„Ви благодариме Селин Дион за вашата великодушност. Целиот тим е многу среќен што ве запознавме вас и вашето семејство“, напиша на Инстаграм, ПР-от на канадскиот тим Шантал Машаби, кој објави и фотографии со пејачка.
Пејачката беше во друштво на синовите Рене Чарлс (22) и близнаците Еди и Нелсон (13), кои ги имаше со покојниот сопруг Рене Анџелил.
На Инстаграм се воодушевени од скромноста и едноставноста на Селин Дион, на која и се восхитува и тренерот Мартин Сент Луис.
„Изгледаше многу добро, блескаше. Зборуваше, се шегуваше. Беше одлична вечер, беше навистина забавно. Бевме многу трогнати затоа што ја видовме таква – затоа што ја видовме здрава“, рече Шантал и додаде дека сите играчи се шокирале кога слушнале кој пристигнал. Иако не биле подготвени да се сретнат, не сакале да ја пропуштат можноста да ја запознаат Селин и биле импресионирани од неа, пишува „Journaldequebec.com“.