(Видео) „Супербоул“ ги собра светските ѕвезди, Бен Афлек и Џенифер Лопез играа на хитовите на Еминем, а место Меган, Јуџин го забавуваше Хари

Американкиот Супербоул кој се одржа синоќа во САД, ги собра светските ѕвезди на едно место. Станува збор за еден од најгледните спортски настани во светот, на чие полувреме настапуваат најголемите музички ѕвезди.

Оваа година рап и хип-хоп сцената го водеше шоуто, а на сцената настапија Доктор Дре, Еминем, Снуп Дог, Мери Џеј Блајџ, Кендрик Ламар и 50 Цент. Музичката програма ја коментираа ѕвездите на НБА лигата, Џејмс Харден и Леброн Џејмс.

Иако од НФЛ претходно му рекле да не го прави тоа, Еминем го заврши својот хит Lose Yourself така што клекна и ја стави главата во раката, гест што поранешниот бек Колин Каперник го направи додека се интонираше американската химна на НФЛ-натпревар како повик за расна правда.

Каперник не играл од сезоната 2016, бидејќи ниту еден тим од националната фудбалска лига (НФЛ) не го ангажира откако почна да седи на интонирање на химната. Освен на сцената, познати лица имаше и на трибините.

Во публиката беа Џастин и Хејли Бибер со нивната пријателка Кендал Џенер, а нејзините деца Норт и Саинт Вест седеаа со нивниот татко раперот Кание и поранешниот дечко на Кајли Џенер, Таига. Кание во својот препозналтив сстил носеше црна маска на лицето.

Џенифер Лопез и Бен Афлек беа снимени како танцуваат на трибините. Меѓу познатите беа и  водителката и глумица Елен Деџенерис во друштво на сопругата Порша де Роси.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 𝑮𝑼𝑴 (@ihategum)

Принцот Хари овој пат беше без Меган, а друштво му правеше принцезата Јуџин. Глумицата и комичарка Ребел Вилсон беше дел од натпреваро и носеше дрес со себе и имаше и топка.

Мечот го отвори Двејн Џонсон со краток говор со кој ги мотивираше играчите и гледачите за што поголема и подобра атмосфера. За потсетување, Лос Анџелес Ремс го совлада Синсинати Бенгалс со 23:20 и така по вторпат стигна до најважниот трофеј во Соединетите Американски Држави, пехарот Винс Ломбарди.

 

 

 

Scroll to Top