(ВИДЕО) Светот во шок! – Почина една од најубавите светски актерки

By
Француската актерка Жана Моро (89) е пронајдена мртва во својот стан во Париз.

Една од најголемите филмски ѕвезди во последните шеесет години, кога многумина ја сметаа за најубавата жена на светот, француската актерка, Жана Моро, почина на 90 години во Париз.

 

Жана веројатно е најпозната по улогата во филмот „Жил и Џим“, (Jules et Jim) од 1962 година. Во кариерата оствари бројни признание, и доби еден куп награди, вклучувајќи ја и наградата за најдобра актерка во Кан, за филмот „Седум дена, седум ноќи“, 1960 година.

Исто така соработувала и со Орсоном Велс, кој беше уверен дека таа била најдобрата актерка на сите времиња, и ја освои Бафт наградата, за најдобра странска актерка во филмот „Viva Maria“ (1967).

Жана Моро е пронајдена мртва во својот стан во Париз, потврдија француските агенции, а пренесоа светските медиуми.

Ќе ви се допадне