Младата поп и R’n’B ѕвезда, Тајла, последнава година стана вистинска сензација на светската музичка сцена.
За кратко време таа успеа да влезе во историјата како прва африканска пејачка која освоила три награди во една вечер на MTV EMA (European Music Awards).
Нејзе и беа доделени наградите за најдобар африкански уметник, најдобар афробит, како и наградата за најдобар R’n’B изведувач, што ја изненади и самата пејачка.
– Јас сум шокирана како и вие. Знам дека е тешко да ја категоризирам мојата музика, мешам премногу жанрови во еден, но R’n’B има најголемо влијание врз мојата музика, изјави Тајла откако и беше врачена наградата.
Тајла има само 22 години, родена е во Еденвејл, а многумина ја сметаат за наследничка на Ријана, па се шегуваат дека Рири не мора да избрзува со нов албум, бидејќи ја имаме Тајла да ја „пополни таа празнина“.