(Видео) Таа е запаметена како љубовница на Бил Клинтон, Моника Левински проговори за нивната афера

Денеска писателката и активистка, а некогаш „најпознатата љубовница на светот“, Моника Левински, се појави во шоуто на Стивен Колбер, каде меѓу другото зборуваше и за аферата со Бил Клинтон.

Водителот ја праша Моника дали сака да постојат социјалните мрежи во времето на нивната афера, а таа кратко се согласи: „Не“.

Таа, исто така, призна дека во тоа време поминувала низ медиумски линч и дека се чувствува слободна откако почнала да ја раскажува својата страна од приказната. „Тоа беше толку лично искуство бидејќи она што го поминав сама, го поминав на многу начини, и гледам дека жените сега се здружуваат за други жени“, рече таа за скандалот и промените што следеа.

Денес, таа има и свој подкаст и е голем поборник за кампањата #MeToo, социјално движење кое има за цел да ја подигне свеста за сексуалната злоупотреба и вознемирување.

Покрај тоа што бројните корисници ја пофалија на социјалните мрежи за нејзината искреност, таа ги воодушеви и со својот изглед.

„Изгледа среќно, здраво и убаво. Толку сум среќен што го врати животот на вистинскиот пат, ми се допаѓа и нејзиниот начин на размислување“, „Ова е вистинска сила, кој не би бил среќен за таква жена? „Таа е само посилна после сè“, „Многу ми е мило што гледам дека е добро“, „Храбра жена, таа помина низ пеколот“, „Мило ми е што гледам насмевка на нејзиното лице по се што поминала“, „Таа е вистинска инспирација“, се само дел од коментарите на „Јутјуб“

Scroll to Top