(Видео) Тејлор Свифт падна пред настап, но остана професионалец до крај и пееше со повредена рака

Американската пејачка Тејлор Свифт во моментов е на турнеја Eras Tour. Пред неколку дена настапи во Хјустон, а на концертот доживеа незгода. Концертот го помина со повредена рана на левата дланка. Фавноите забележаа на видеата кои ги споделуваа по социјалните мрежи.

Пејачката се обиде да ја сокрие повредата со завои, но безуспешно.

„За оние кои прашуваат за мојата потсекотина на раката. Само сакам да ви кажам дека сум добро и дека целата работа беше моја вина. Се сплеткав од фустанот и паднав во теминца по скали додека трчав да се пресоблечам. Целата работа е поврзана со ретрограден Меркур. Но, не се грижите, добра сум“, рече Свифт.

Многумина од фановите ја пофалија и рекоа дека е вистинска професионалец.

„Тејлор е вистинска професионалка. Раната која ја доби изгледа болно, а таа сеедно имаше одличен концерт. Убаво од неа што објасни што се случило“, биле само некои од коментарите.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Taylor Swift (@taylorswift)

Scroll to Top