(Видео) Тејлор Свифт воодушевено ја гледаше Шакира на настапот на Ем-ти-ви, видеото стана хит

Доделувањето на „MTV Video Music Awards“ го одбележа настапот на колумбиската пејачка Шакира, а на социјалните мрежи кружи видео од реакцијата на Тејлор Свифт која очигледно била воодушевена од перформансот.

Шакира отпеала некои од своите најголеми хитови со неверојатна кореографија, а публиката во еден момент ја пренела пејачката на раце до другиот дел од сцената.

Присутните пееле заедно со Шакира, вклучувајќи и некои од уметниците на доделувањето на наградите.

@_jaehyunsocks Taylor Swift reaction to SHAKIRA performance at VMAs🔥 #shakira #taylorswift #lilnasx #vmas #vmas2023 #reaction #jaehyunsocks ♬ Whenever, Wherever – Shakira


Помеѓу нив се истакнала Тејлор, која била снимена како воодушевено ја гледа својата колешка и танцува од почетокот до крајот на настапот. Снимките од нејзината реакција на настапот на Колумбијката брзо ги освоија социјалните мрежи, а на тоа реагирала и самата Шакира.

Таа објавила видео на својот Инстаграм профил и напишала дека е „вистинско уживање да се види Тејлор толку добро да се забавува“.

По настапот, Шакира ја прими наградата „Video Vanguard“ и одржа емотивен говор, споделувајќи колку е благодарна за својата успешна кариера во музичкиот бизнис и посветувајќи ја наградата на своите фанови.

Scroll to Top