На излегување од луксузната продавница на Родео драјв во Беверли Хилс, Кајли Џенер вербално била нападната од активистите за заштита на животните.
Мала група демонстранти против носењето крзно го опколиле возилото и протестирале со мегафони, според TeenStar. На видеото се гледа како една жена извикува: „Срамота, ти си чудовиште! Срамота што ја поддржувате индустријата за крзно!“
Протестите конкретно не биле насочени кон Кајли, но затоа што се нашла на самото место и редовно споделува фотогравии на социјалните мрежи како носи природно крзно ја нападнале.
Во јануари Кајли предизвика контроверзии кога сподели фотографија на која носи папучи од „Луј Витон“ од крзно од визон. Таа фотографијата ја сподели веднаш по пожарот во кој изгореа многу животни во Австралија, иако подоцна донира милион долари.