Холивудскиот глумец Стивен Сигал му го честиташе на Путин 70 роденден. Двајцата се долги години пријатели, а Сегал во 2016 година и доби и руски пасош. Во 2018 година, кога му даде поддршка за анексијата на Крим, стана и специјален пратеник на Русија во САД, пренесе „Дејли Мејл“.
„Денес му е роденден на Путин. Мислам дека сега живееме во многу тешки времиња. Тој е еден од најгоелмите светски лидери и најдобар претседател некогаш. Се молам и се надевам дека ќе ја добие поддршката, љубовта и почитта која ја заслужува. Се надевам дека сите неволји кои во моментот се случуваат наскоро ќе бидат готови и дека ќе живееме во мир“, рече Сигал.
Amen 🙏 #Putin “is one of the greatest world leaders”. pic.twitter.com/ZSJACwes5J
— Matreshka 🇷🇺🇰🇿🇨🇦 (@MatreshkaCB) October 7, 2022
Двајцата во неколку наврати биле видени и сликани заедно. Медиумите пренесоа дека боречките вештини е тоа што ги поврзала заедно.
За потсетување, во април Сегал одржа говор на церемонија со уште неколку руски моќници кои се цел на санкциите на Западот среде руската војна во Украина. Ја носеше својата вообичаена црна кошула и жолто обоени очила.
I know what you’re thinking. What is American actor, reincarnated 17th century Tibetan Buddhist lama, and Russian diplomat Steven Seagal up to?
Well, here he is celebrating his birthday in Moscow with top Russian propagandist Vladimir Soloviev and RT editor Margarita Simonyan pic.twitter.com/M6ednBq7Hj
— max seddon (@maxseddon) April 10, 2022
„Вие сте моето семејство и моите пријатели. И јас ве сакам сите и стоиме заедно, во добро и во лошо“, рече Сигал.