(Видео) Том Круз скокна од авион во Африка за да им се заблагодари на фановите

Том Круз во моментов е во Јужноафриканската Република каде го снима новото продолжение на „Невозможна мисија“. Глумецот скокна од авион и им се заблагодари на фановите за поддршката.

„Не сакав годинава да заврши, а да не ви се заблагодарам што дојдовте во кино и што го поддржавте „Топ Ган: Маверик“. Фала ви што ни дозволивте да ве забавуваме. Тоа ми е животна чест“, рече Круз.

Со него беше и сценаристот и режисер Кристофер Мекуари, со кого ги снимаше продолжението на „Топ Ган“ и „Невозможна Мисија“. За потсетување, „Топ Ган: Маверик“ е еден од најуспешните филмови, а Круз стана еден од најплатените глумци.

Scroll to Top