(Видео) Трамп и Меланија им објаснуваат на децата каде се наоѓа Дедо Мраз

Претседателот на САД, Доналд Трамп, и првата дама, Меланија Трамп, за време на католичката бадникова вечера преку телефон им објаснуваа на деца каде точно се наоѓа Дедо Мраз.

Меланија на едно дете му открила дека Дедо Мраз се наоѓа во Сахара, а неколку минути подоцна на друго дете му кажала дека тој се наоѓа во Мароко и дека следното утро ќе му испорача подарок, пренесува „Асошијетед прес“.


Американскиот претседател, Доналд Трамп, го праша седумгодишно момче дали сè уште верува во Дедо Мраз.

„На седум години, тоа ѝ не треба да ти биде толку важно, зар не? Уживај“, му порача Трамп на момчето преку телефон.

Меланија на „Твитер“ објавила дека разговорите преку телефон со децата на тема Дедо Мраз ѝ станува една од омилените активности. Претседателската двојка по разговорот со децата, заминале во националната катедрала во Вашингтон. „Асошијетед прес“ претходно наведе дека Трамп веројатно ќе ја мине Бадниковата вечер на Флорида.

Сепак, блокадата на работата на федералната власт му ги промени плановите на американскиот претседател.

Scroll to Top