(Видео) Тројца повредени од силен огномет кој експлодира во сала на концерт на Дуа Липа во Торонто

Силен огномет експлодира за време на концерт на Дуа Липа во Scotiabank салата во Торонто. Концертот бил прекинат, а од полицијата соопштија дека тројца се повредени, пренесе Daily Mail.

Инцидентот се случил синоќа околу 23 и 45 часот, а многумина во публиката не биле свесни дека имрпровизираниот огномет бил непланиран.

„Се случи на крајот од концертот, за време на нејзината последна песна. Конфетите веќе беа излезени, па мислевме дека тоа е финалето. Никој не беше вознемирен освен луѓето на подиумот. Беше страшно“, рече еден од очевидците во публиката.

Портпаролот на Maple Leaf Sports & Entertainment рече дека сите присутни морале да минат низ детектор за метал пред да влезат во салата. Од компанијата се огласија и со соопштение по повод настаните на концертот на Дуа Липа.

„Синоќа на крајот од концертот во арената Scotiabank, еден од присутните пушти неовластен и незаконски огномет на подот од арената. Како резултат на тоа, тројца учесници беа повредени, но можеа да си заминат дома без да дополнителна медицинска помош“, пишува во соопштението и додадоа дека од компанијата ги известиле надлежните за случајот.

„Како едно од најдобрите места во Северна Америка, создавањето безбедно место за секој посетител на Scotiabank Arena е главен приоритет за MLSE и веднаш почнавме да работиме во соработка со полицијата во Торонто за целосно да го истражиме овој непромислен и опасен чин“, додадоа од компанијата.

И Дуа Липа се огласи по повод инцидентот.

„Синоќа неовластен огномет беше поставен во толпата за време на мојот сет во Торонто. Безбедноста на моите шоуа ми е секогаш главен приоритет, а јас и мојот тим сме исто толку шокирани и збунети од настаните како и вие. Истрагата е во тек и сите инволвирани работат напорно за да дознаат како дојде до ова. Оживувањето на шоуто за моите обожаватели беше толку неверојатно искуство и многу ми е жал за сите кои се почувствуваа небезбедни, исплашени или чие уживање во шоуто беше компромитирано на кој било начин“, рече Липа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by DUA LIPA (@dualipa)

Scroll to Top