Ријалити ѕвездата Клои Кардашијан ја најави својата нова соработка со брендот „Ипси“, преку видео што го објави на социјалните мрежи.
Во видеото, во кое Клои ја промовира соработката со „Ипси“, станува збор за колекцијата „Glam Bag X“, односно чанти со нејзините омилени производи за нега на лице и тело.
Но нејзиниот нов изглед привлече повеќе коментари од самата соработка. Од една страна, Клои докажа дека вежбањето во теретана се исплати, бидејќи ја доведе линијата до совршенство. Кардашијан последниов период повеќе пати го промени стилот и косата, но откако започна да експериментира со пластични операции на лицето, доби повеќе коментари со критика.
View this post on Instagram
Иако за последново видео на „Инстаграм“ беа исклучени коментарите, по барање на сопственичката на модниот бренд „Good American“, сепак имаше низа критики на Твитер, дека Клои никогаш не изгледала полошо
„Потсетува на Мајкл Џексон“, „Клои го покажа никогаш попластичното лице“,„Се претвораш во пластична кукла“, „Кога Лил Ким и се случи на Клои“, се само дел од коментарите за нејзиниот изглед од твитерџиите.
there is absolutely no way Khloe Kardashian did that to her face😳 pic.twitter.com/1GgED4lxTI
— nobody’s nothing. (@MondeRSA1) March 9, 2021