Полицијата во САД го уапси осомничениот за убиството на познатиот рапер Тејкоф од хип-хоп групата „Мигос“. Станува збор за Патрик Ксавијер Кларк, за кој се верува дека го застрела Тејкоф во една кугнала во Хјустон. Инцидентот се случи на почетокот во ноември
Шефот на тамошната полиција Трој Финер одржа и конференција за новинарите. Вториот напаѓач, Камерон Џошуа, исто така е зад решетки. Тој е поврзан со овој случај и е обвинет за недозволено носење оружје.
„Изгубивме добар човек“, рече Финер и дополни дека веќе разговарал со семејството на Тејкоф и им се заблагодари за трпението во овој страшен период за нив. За потсетување, Тејкоф беше застрелан на 1 ноември во куглана во центарот на Хјустон, околу 2:30 часот утрото. Таму беше со колега од „Мигос“ и раперот Квав.