Актерката Ванеса Хаџинс на црвениот тепих на Оскарите го потврди она што се шпекулираше со недели.
Ѕвездата на средношколскиот мјузикл го очекува своето прво дете со сопругот Кол Такер. Таа на доделувањето на Оскарите дојде во црн фустан до подот, на кој јасно и се гледа трудничкиот стомак.
Веста за бременоста доаѓа три месеци откако Ванеса и Кол се венчаа пред нивните најблиски пријатели и семејството во Мексико.
Веќе некое време се шпекулира дека Ванеса е бремена, но таа не сакаше да зборува за тоа. Таа им се налути на сите обожаватели кои под фотографиите од моминската вечер напишаа дека изгледа трудно.
„Буквално се скарав со јавноста. Отидов на моминската вечер и објавив видео. Под видеото беа коментарите: О, боже, ти си бремена“, изјави неодамна Ванеса, додавајќи дека забелешките се непристојни, со оглед на тоа што јавно не зборува за тој дел од животот.
„Се извинувам што не носам градник секој ден. Јас сум вистинска жена и имам вистинско тело“, додала таа.