(Видео) „Версаче“ на лед: Секси празнична кампања на светскиот бренд

“Версаче“ ја претстави годинашната празнична кампања, а во фокусот се смели модни парчиња кои треба да го претстават гламурот на куќата, но и на зимските игри.

На фотографиите и во видеото го гледаме тимот Версаче каде е и спортистката Ребека Гиларди (уметничко лизгање), како и Стела Максвел и Малика Лубак.

Токму тимот ги претставува парчињата за кои модната куќа смета дека се идеални за празничен подарок – за себе или некој друг.

Во кампањата се опфатени од удобни до свечени стајлинзи и модни додатоци, идеални како велат од модната куќа и за празничен изглед.

Scroll to Top