(Видео) Викторија Бекам се приклучи на Тик ток и одма ги вознемири фановите

Викторија Бекам пред неколку дена се приклучи на социјалната мрежа Тик ток и одма испровоцира бурни реакции од фановите поради споделените содржини.

Таа сподели три видеа од деновите кога беше дел од „Спајс грлс“ групата, кога го имаше надимакот Posh Spce. Токму тој надимак ја мотивирал да го направи видеото, кое не беше добро прифатено од фановите.

„Кажи ми дека си отмен без да ми кажеш дека си отмен“, ги повика Викторија на предизвик фановите, а потоа, келнер ја послужи со печена риба и варен зеленчук.

Повеќето од следбениците не беа воодушевени од нејзиното видео и во коментарите и порачаа дека не е во тек со случувањата во светот.

@victoriabeckham #StitchPosh ♬ original sound – Victoria Beckham

„Кажи ми дека немаш поим за актуелната криза, без да ми кажеш дека немаш поим за актуелната криза. Кажи ми дека не си во контакт со светот, без да ми кажеш дека не си во контакт со светот. Погледни околу себе, ова не е ниту време ниту место“, ѝ напишаа некои од фановите. 

Имаше и такви кои им се допадна видеото, па напишаа дека луѓето не го разбираат нејзиниот хумор.

Ја сакам смислата за хумор на Викторија; Некои луѓе во коментарите не знаат да прифатат шега“, коментираа тие. 

Scroll to Top