(Видео) Викторија и Дејвид Бекам пијани во ресторан ги пејат хитовите од „Спајс Грлс“

Викторија и Дејвид Бекам беа видени во ресторан на една приватна забава. Двајцата беа поднапиени и лудо се забавуваа, а во еден момент почнаа и да ги пејат хитовите на поранешната група „Спајс Грлс“. Викторија се пофали и со видео на Тик ток како ја пејат Giving You Everything.

„Вокално загревање во Мајами. Ќе има уште“, рече Викторија која почна и да танцува за гостите.

„Легендарна си. Сакам како и двајцата изгледате толку опуштено и среќно. Одлична вечер, а не забавуваа и зад екранот. Изгледаат малку пијани, но слатки се“, им коментираа обожавателите.

@victoriabeckhamWarming up the vocals in Miami! More to come 🤫!! 🎶🎤

♬ original sound – Victoria Beckham

За потсетување, на минатогодишното гостување на Watch What Happens Live, Викторија рече дека и покрај добрата забава и задоволство од настапот со девојките, едноставно не може да се посвети на турнејата, особено со четири деца и работа.

„Многу ги сакам и уживам да ги пеам нашите песни на караоке, но најдобро е да го оставиме тоа“, рече Викторија. Последен пат познатата поп група од 1990-тите се собраа за Олимписките игри во Лондон во 2012 година. Мел Би, Мел Си, Гери Халивел, Викторија Бекам и Ема Бантон беа на врвот на крајот на 90-тите, кога продадоа повеќе од 100 милиони албуми ширум светот.

Групата се оформи во 1994 година и објавија бројни хитови кои се најдоа на светските топ листи, како што се Wannabe, Stop, Spice Up Your Life и Too Much. Иако раскинаа во 2000 година, повторно се обединија во 2007 кога ја објавија песната Headlines (Пријателство никогаш не завршува).

Scroll to Top