(Видео) Вил Смит му се извини на Крис Рок, а фановите го обвинија дека си го промовирал брендот

Вил Смит објави видео ѝ му се извини на глумецот и комичар Крис Рок за шлаканицата на годинашните Оскари, а многумина му забележаа на „Твитер“ дека само си го промовирал брендот и шишето со вода на син му Џејден.

На видеото покрај него се гледа шише со вода од брендот Just Water, од компанијата на син му Џејден, која ја основа на 12 години.

„Вил Смит промовира нов бренд со водата на син му Џејден. Објави видео во кое зборува за инцидентот со Крис Рок, а на масата се гледа неговата вода. Жал ми е, но кога ќе објави видео во кое се извинува, а има вода од неговиот бренд, тешко е човек да поверува во она што го говори. Гледам дека објавил нова реклама во форма на видео извинување“, му напишаа тие.

Иако Just Water помага во создавање на поевтини системи за филтрирање на водата и се користи во посиромашните земји и области, Фановите сепак сметаат дека ова не е време и место за ваква промоција.

Scroll to Top