(Видео) Вил Смит му удри шлаканица на Крис Рок на сцената на „Оскарите“, па го засени триумфот на „Кода“

Вил Смит му удри шамар на Крис Рок на сцената па го засени  триумфот на филмот „КОДА“ на доделувањето Оскарите.  Смит се качи на сцената откако Рок кажа шега за кратката војничка фризура на неговата сопруга Џејда Смит, па овој стана , го удри и пак се врати на своето место во публиката.

„Џејда, едвај чекам да го гледам ‘Џи Ај Џејн 2‘“,вели Рок пред инцидентот, за кој во прв момент оставше впечаток дека е дел од сценариото. Сепак, откако седна, Смит продолжи да му вика на Рок: „Прекини веќе да го спомнуваш името на жена ми“.

Тој подоцна се извини кога го примаше Оскарот за најдобар актер за „Кралот Ричард“, каде што го игра таткото на тениските ѕвезди Серена и Венус Вилијамс.

„Сакам да ѝ се извинам на Академијата, но и на моите номинирани колеги. Уметноста го имитира животот. Личев на луд татко, баш како она што го зборуваа за Ричард Вилијамс. Но, љубовта те тера да правиш луди работи“, изјави Смит.

КОДА првиот филм од стриминг сервисите кој освоил Оскар за најдобар филм првиот филм од стриминг сервисите кој освоил Оскар за најдобар филм иако не беше фворизиран. Комичната драма, која беше дистрибуирана од „Епл ТВ+“, имаше само три номинации, со што стана првиот филм во последните 90 години кој ја освоил главната награда откако бил номиниран во помалку од четири категории.

Scroll to Top