Глумецот Вил Смит, гостувајќи во шоуто The One Show, ги изненади фановите со својот изглед. Од премногу ботокс на лицето обожавателите не можеа да го препознаат, а едни коментираат и дека тоа не бил тој, туку некој што многу личел на него.
„Кој е ова? Што му се случило? Ова не е вистинскиот Вил“, биле некои од коментарите на фановите. На Вил Смит лицето му е толку затегнато што воопшто не личи на себе.
Тој го споделил видеото во кое го промовирал својот нов филм „Кралот Ричард“. Тој објавил и друго видео на кое лицето исто така му било деформирано, но изгледало далеку поприродно отколку сега. Имало и такви што застанале во негова одбрана и му порачале дека изгледа одлично.
View this post on Instagram
„Како да не старееш“, му напиша еден негов пријател.
За потсетување, Вил Смит неодамна ги објави своите мемоари во кои откри дека во минатото за момент посакал да го убие татка си, како и на тоа колку му бил љубоморен на познатиот американски рапер Тупак за блискиот однос со неговата сопруга.