Во 2023 година, принцот Вилијам одржа говор во чест на неговиот татко кралот Чарлс на концертот за крунисување во замокот Виндзор. Дури сега неговиот говор стана вирален поради моментот кога се пошегува.
Имено, пред својот говор, познатиот музичар Лајонел Ричи настапи со песната All Night Long, по што Вилијам излезе да одржи говор и со својата шега ги насмеа сите присутни, особено принцезата Кејт Мидлтон.
„Ви благодарам на сите што ја направивте оваа посебна ноќ“, го започна својот говор Вилијам и продолжи: „Сакам да кажам неколку зборови за мојот татко и зошто верувам дека овој викенд е толку посебен“.
„Но, не грижете се. За разлика од Лионел, јас не можам да го правам тоа цела ноќ“, рече тој, предизвикувајќи громогласна смеа кај публиката.
Видеото беше објавено и на профилот на TikTok каде луѓето коментираа дека сопругата на Чарлс Камила не ја разбира шегата или дека е многу засрамена поради тоа.
Но, од друга страна, на видеото може да се види дека кралот Чарлс и Кејт не можеле да престанат да се смеат.