(Видео) Зеленски зборуваше со Ештон Качер и Мила Кунис ѝ им се заблагодари за помошта

Украинскиот претседател Володимир Зеленски во неделата на „Твитер“ зборуваше со американската холивудска двојка Ештон Качер и Мила Кунис ѝ им се заблагодари за помошта која тие ја испратија за украинскиот народ.

Ештон и Мила успеаја да соберат повеќе од 30 милиони долари за Украинците. Зеленски со актерите зборуваше преку видео. Кунис сподели и фотографија од неа од времето кога била мала и рече дека била родена во Украина.

„Тие двајца бевте меѓу првите кои одговорија на нашата тага. Им благодарам за поддршката. Имрепсиониран сум од нивната одлучност. Тие ја инспирираат нацијата“, рече Зеленски.

Во понеделникот украинскиот претседател зборуваше за разни настани поврзани со руската инвазија и рече дека разговарал и со Ештон и Мила.

„Вие сте ѕвездена двојка која искрено верува во нас и во нашата победа и иднина“, рече тој.

„Тие им помагаат на бегалците со собирање на средства. Двајцата собраа околу 35 милиони долари. Им се заблагодарив во името на нашиот народ и во име на сите нас“, додаде Зеленски.

Ештон и Мила претходно ветија дека ќе осигураат донација од 3 милиони долари за бегалците од Украина кои бегаат од својата земја за време на руската инвазија. Тие рекоа декас е запрепастени и преплавени од благодарности откако повеќе од 65.000 доброволни прилози стигнале во фондот.

„Нашата работа не е завршена. Ве молам немојте да престанете да донирате. Ова е само почеток на едно многу долго патување“, порачаа тие.

Scroll to Top