(Видео) Жена се обиде да го бакне Том Круз на затворањето на ОИ, луѓето ја пофалија неговата реакција

На социјалните мрежи вирално стана видео од Том Круз како ги поздравува фановите на затворањето на Олимписките игри во Париз.

Во еден момент една обожавателка му пришла на 62-годишниот актер и се обидела насилно да го бакне, но актерот во тој момент ја свртел главата. Корисниците на Х пишуваат дека однесувањето на жената било непримерно.

„Го видов, не можев да поверувам“, „Замисли да се сменат улогите“, „Никој никогаш не треба никому да го прави она што таа го направи, било да е тоа славна личност или некој друг. Не можеш да грабнеш и бакнеш личност која не ја ни познаваш, не ја знаеш. Тоа беше многу грубо, но Том Круз остана љубезен“, „Некоја чудна жена го злоставуваше Круз на Олимпијадата“, „Тој постапи добро“, „Ова е толку срамно“, продолжија коментарите.

Scroll to Top