Серхио Рамос, Лионел Меси и Луис Суарез се појавуваат во најновиот спот на Енрике Иглесијас за песната Futbol y Rumba. Песната на Енрике е во соработка со раперот Ануел АА. „На латино заводникот му успеа да ги спои ривалите од Реал и Барса“, коментираат по социјалните мрежи.
Видеото, кое има преку 10 милиони прегледи за неполни два дена, е снимено во време на пандемија, па сниките од фубалерите се од нивните домови. Но, во песната им се оддава почит и на здравствените работници и на сите што изминативе месеци се бореа со короната.